ТИМ ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВО
ВДЛ Бус Македонија има потреба од Тим лидери во следните производствени области:
-
Монтажа – Подвозје;
-
Монтажа – Надвозје;
-
Припрема – Страници;
-
Припрема – Предница, задница и мебел;
-
Припрема – Кров и вратнички;
-
Електрика.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Врши надзор и координација на активностите на тимот во единицата (оддел);
- Ги постигнува резултатите очекувани од тимот во производство преку комуникација на работните очекувања на единицата;
- Ги планира, надгледува и проценува работните резултати;
- Ги подучува, советува и дисциплинира вработените;
- Ги иницира, координира и применува системите, прописите и процедурите;
- Се грижи за кадарот преку подучување и обуки на вработените; развива можности за личен напредок. Го советува Супервизорот при евалуациите на кадарот;
- Го одржува работниот тек преку надзор на чекорите во процесот; врши поставување на варијаблите во процесот; врши надгледување на контролните точки и опремата; врши надзор на персоналот и средствата; делува на намалување на трошоците; ги отстранува грешките кои произлегле од контролните точки на процесот; иницира и поддржува дух на соработка во тимот;
- Го исполнува планот за производство преку дневно планирање и распоредување на тимот; ги постигнува работните резултати; го следи напредокот; ги ревидира распоредите; ги решава проблемите;
- Го одржува квалитетот на услугите преку воспоставување и применување на стандардите на организацијата;
- Се грижи во соработка со одделот за логистика, т.е сите материјали потребни за производство да бидат достапни на време;
- Обезбедува производствени информации преку собирање, иницирање, сортирање и анализирање на производните перформанси и податоци; Одговара на прашања и барања;
- Одржува безбедна и чиста работна средина со едуцирање и насочување на персоналот во користењето на контролните точки, опремата и ресурсите; се грижи за усогласеност со воспоставените прописи и процедури;
- Ги решава проблемите со тимот преку анализирање на податоци; ги истражува проблемите; идентификува решенија; врши препорачување на мерки ;
- Препорачува мерки за подобрување на производствените методи и опремата со цел зголемување на ефикасноста и безбедноста;
- Го одржува своето професионално и техничко знаење.
- Завршено средно образование (ССС);
- Познавање на производствениот процес и работните процедури во фабриката;
- Искуство во работа со тим и развиени комуникациски и организациски вештини;
- Способност за решавање проблеми, следење на резултати и преземање одговорност.
-
Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
-
Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
-
Можности за обука во странство;
-
Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
-
Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
-
Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
-
Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
-
Регрес (23.100 денари);
-
24/7 дополнително осигурување од незгода;
-
Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
-
Обезбеден превоз до/од работното место;
-
“Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
-
Бонус за препорачан пријател на работа;
-
Тим билдинг активности.
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.