
Патнички автобуси
Наши возила
Совршено мајсторство
ВДЛ Ван Хоол ужива одлична репутација како производител на патнички автобуси. Нашата тајна? Испорачуваме квалитет без компромис. Ги слушаме желбите на клиентот и изнаоѓаме решенија кои совршено одговараат на неговите барања, соработувајќи со најдобрите партнери на пазарот за да постигнеме најдобар резултат. Нашите патнички автобуси се пример за совршено мајсторство и се гордееме со тоа.
Флексибилностa е наша предност
Секој патнички автобус на Ван Хоол е уникатен, пример за елеганција и врвна технологија. Ниту едно барање не е премногу за нашите дизајнери, ниту една идеја не е недостижна за нашите инженери. Клиентот бара, ние испорачуваме. Флексибилноста е дел од нашата ДНК и секогаш резултира во производ кој далеку ги надминува очекувањата на клиентот и гарантира исклучително возачко искуство.
