ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Опис на работни задачи

Доколку си млад, амбициозен и подготвен да вложиш време во стекнување на нови знаења и вештини, ова е одлична можност за тебе! 

Ние веруваме дека практикантската работа претставува прв чекор кон успешна кариера, а токму затоа нудиме простор за учење, професионален развој и практично искуство во реална работна средина.

Нашиот тим е составен од ентузијасти кои со задоволство ќе те водат низ процесот, ќе ти помогнат да ги развиеш своите потенцијали и ќе те подготват за идните професионални предизвици.

 

Потребни квалификации
  • Подготвеност за учење и тимска работа.
  • Основни познавања од областа за која аплицирате
  • Комуникациски вештини и одговорност
  • Позитивен став и иницијативност
Compensation benefits
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода;

  • Тим билдинг активности;
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;

  • Обезбеден превоз до/од работното место;

  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;

Нудиме платена пракса со можност за продолжување на договорот и професионален развој во рамките на компанијата.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Аплицирај сега

Адреса
Upload file
One file only.
32 MB limit.
Allowed types: txt, rtf, pdf, doc, docx, odt, ppt, pptx, odp, xls, xlsx, ods.
This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.