ПРАКТИКАНТ - АДМИНИСТРАЦИЈА (СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ)

Опис на работни задачи
  • Поддршка при водење и ажурирање на документацијата поврзана со вработените;

  • Асистенција во подготовка на административни извештаи и бази на податоци;

  • Координација и дистрибуција на административни документи;

  • Прием и пренасочување на телефонски повици;

  • Закажување состаноци и водење записници;

  • Прием и упатување на посетители;

  • Поддршка при организација на транспорт, исхрана и службени патувања;

  • Извршување и на други административни задачи во согласност со насоките од претпоставените.

  • Други работни задачи доделени од работодавачот соодветни на работното место.

Работно време: понеделник – петок, од 08:00 до 16:00 часот.

 

Потребни квалификации
  • ССС / ВСС;

  • Напредно познавање на работа со компјутер и основни програми на Microsoft Office (Excel и Word задолжително);

  • Одлично познавање на англиски јазик;

  • Уредност и одговорност;

  • Комуникативна, одговорна и лојална личност;

  • Самоиницијативност и посветеност кон работата;

  • Љубезност и позитивен став.

     

Compensation benefits
  • Платена пракса со месечен надомест од 24.400 МКД, со можност за продолжување на договорот и професионален развој во рамките на компанијата.
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода;

  • Тим билдинг активности;
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;

  • Обезбеден превоз до/од работното место;

  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Аплицирај сега

Адреса
Upload file
One file only.
32 MB limit.
Allowed types: txt, rtf, pdf, doc, docx, odt, ppt, pptx, odp, xls, xlsx, ods.
This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.