ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ – НОВА ПРОИЗВОДСТВЕНА ЛИНИЈА
ВДЛ БУС МАКЕДОНИЈА ОТВОРА НОВА ПРОИЗВОДСТВЕНА ЛИНИЈА!
Нов модел на автобус – нови можности за твојата кариера.
Аплицирај денес и стани дел од нашиот производствен тим!
Испратете ја вашата професионална биографија (CV)
Или контактирајте нè директно на: 070 333 299 (повик или порака).
Локација: ТИРЗ Скопје 2, Бунарџик / Илинден
____________________________________________________
ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ
▪ МЕХАНИЧАР ЗА ШАСИЈА
Монтажа и составување на механички компоненти и склопови на шасијата, вклучувајќи мотор, менувач, системи за сопирање, управување и ладење.
▪ ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР
Поставување, монтажа и поврзување на електрични инсталации, кабли, конектори, електрични ормари и системи за осветлување и сигнализација.
▪ ТЕХНИЧАР ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА (HVAC)
Проверка, одржување и контрола на системите за греење, вентилација и климатизација, вклучувајќи работа со компресори, мерни инструменти и опрема за вакуумирање и полнење на системите.
▪ ОПЕРАТОР ЗА НАНЕСУВАЊЕ СИЛИКОН
Прецизно нанесување заптивни материјали на метални конструкции, визуелна контрола на квалитетот и почитување на утврдените производствени стандарди.
▪ ИНСТАЛАТЕР / ОПШТ МОНТЕР
Монтажа и поставување внатрешни и надворешни компоненти на автобусот, вклучувајќи врати, седишта, системи за греење и ладење, ентериерски елементи и дополнителна опрема.
▪ АВТОЛИМАР
Подготовка, обработка, заварување и монтажа на полиестерски и други каросериски компоненти, со изведување завршни корекции.
▪ ИНСТАЛАТЕР – ПРОЗОРЦИ И ДЕКОРАТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ
Монтажа на прозорци и декоративни лајсни, фугирање и завршна обработка согласно техничките барања и стандардите за квалитет.
- Минимум средно образование, по можност од техничка струка, во зависност од позицијата;
- Способност за читање и разбирање техничка документација, каде што тоа го бара работната позиција;
- Соодветни технички познавања и практични вештини;
- Прецизност, одговорност и внимание на детали;
- Способност за тимска работа и почитување на работните инструкции, процедурите за квалитет и безбедност при работа.
-
Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
-
Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
-
Можности за обука во странство;
-
Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
-
Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
-
Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
-
Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
-
Регрес (23.100 денари);
-
24/7 дополнително осигурување од незгода;
-
Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
-
Обезбеден превоз до/од работното место;
-
“Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
-
Бонус за препорачан пријател на работа;
-
Тим билдинг активности.
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.