МЕШАЧ НА БОИ

Опис на работни задачи
  • Подготовка на боите (хемиски премази) согласно налогот за производство (за секое возило) и релевантните инструкции за конкретниот тип на премаз, вклучително и изборот на премаз наведен во налогот;
  • Прецизно дозирање на компонентите (хемиски премаз, стврднувач, разредувач) во волуменски соодноси утврдени во инструкциите за подготовка;
  • Користење на нумерирани „линеари“ за определување на волуменскиот сооднос на компонентите од соодветниот производител на хемиски премази;
  • По замешувањето, спроведување на хомогенизација (мешање) на компонентите со мешалка за бои;
  • Мерење на вискозитетот на хемискиот раствор со соодветен вискозиметар (според DIN 4 стандард);
  • За секој премаз, примена на соодветна инструкција за постигнување на пропишаната густина за конкретниот тип на хемиски премаз;
  • Водење евиденција за извршената подготовка во контролната книга за секое возило;
  • Одржување на хигиена и правилно складирање на хемиските компоненти во просторијата наменета за подготовка, како и управување со соодветно класифицирање на хемискиот отпад.

 

Потребни квалификации
  • Минимум средно образование од техничките струки;
  • Способност за прецизна работа со детали;
  • Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени времески рокови;

     

Compensation benefits
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;

  • Регрес (23.100 денари);
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода;

  • Бонус за препорачан пријател на работа;
  • Тим билдинг активности;
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;

  • Обезбеден превоз до/од работното место;

  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;

Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Аплицирај сега

Адреса
Upload file
One file only.
32 MB limit.
Allowed types: txt, rtf, pdf, doc, docx, odt, ppt, pptx, odp, xls, xlsx, ods.
This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.