МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО
-
Дава техничка поддршка на вработените во производство, користејќи листа на материјали, работилнички цртежи и работни упатства;
-
Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со дизајн инженеринг тимот;
-
Директно го води процесот при промени во дизајнот и листата со материјали;
-
Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на ВДЛ Ван Хоол предлози за подобрување на производствениот процес и дизајнот на возилата;
-
Ги разгледува и анализира пријавените проблеми од купувачите, пронаоѓа соодветни решенија и иницира потребни тестови. Одржува неделни состаноци со одговорниот проект-инженер, ја следи имплементацијата на решенијата и води евиденција за напредокот;
-
ВСС – Машински инженер (пожелно Моторни возила);
-
Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
-
Одлично познавање на MS Office;
-
Познавање и работа со графички софтвер AutoCAD, Solidworks;
Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилската индустрија, или во сервисирање и одржување на моторни возила.
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
- Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
- Можности за обука во странство;
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
-
Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
- Регрес (23.100 денари);
-
24/7 дополнително осигурување од незгода;
- Бонус за препорачан пријател на работа;
- Тим билдинг активности;
-
Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
-
Обезбеден превоз до/од работното место;
-
“Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.