ИНЖЕНЕР ЗА ЈАКОСТНИ ПРЕСМЕТКИ И FEA СИМУЛАЦИИ
- Правење анализи со метод на конечни елементи (FEA) во доменот на еластичност, пластичност и замор на материјалот, анализа на резултатите;
- Правење рачни јакостни пресметки;
- Изработување практични предлози и решенија во соработка со нашите конструктори;
- Презентирање на резултати од анализите и пресметките;
- Работа со проекти;
- Навремени известувања на главниот инженер;
- Диплома од додипломски студии од областа на машинско инженерство со голем афинитет кон механика (на возила) и јакост (диплома од постдипломски студии ќе се смета за предност);
- Солидни познавања од физика и математика;
- Поседува (академско) основно знаење на пресметки на конечни елементи;
- Подготвеност за учење на нашата методологија за пресметување (искуство со FEA пресметки на механички конструкции ќе се смета за предност);
- Прецизно и внимателно работење;
- Комуникативен и тимски играч;
- Способен да комуницира на англиски (пишување, зборување, разбирање);
-
Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
-
Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
-
Можности за обука во странство;
-
Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
-
Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
-
Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
-
Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
-
Регрес (23.100 денари);
-
24/7 дополнително осигурување од незгода;
-
Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
-
Обезбеден превоз до/од работното место;
-
“Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
-
Бонус за препорачан пријател на работа;
-
Тим билдинг активности.
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.