ИНЖЕНЕР ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА
Опис на работни задачи
- Изработка на 3D модели;
- Изработка и работа со склопови, обезбедување соодветна интеграција и функционалност;
- Изработка на детални работилнички цртежи за поддршка на сите процеси;
- Анализирање на техничките предизвици, проценка на потенцијалните ризици и подготовка на предлог решенија во однос на истите.
Потребни квалификации
- ВСС – факултет од областа на техничките науки (пожелно машински факултет или факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер);
- Солидно познавање на CAD софтверски алатки. Предност ќе имаат апликантите со искуство во работа со PRO ENGINEER или CREO;
- Познавање на работа со пресметка по метод на конечни елементи (FEA);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office;
- Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилска индустрија;
- Работа со плочест материјал.
Compensation benefits
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
- Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
- Можности за обука во странство;
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
- Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
- 24/7 дополнително осигурување од незгода;
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
- Обезбеден превоз до/од работното место;
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
- Бонус за препорачан пријател на работа;
-
Тим билдинг активности;
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.