ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ
Одговорност за проверките во производство (точки на задржување) одредени од квалити сервисот;
Известување и истражување за неправилностите и предлагање корективни и превентивни акции;
Прием и спроведување на пријавени неисправни делови и подготовка на потребната документација;
Следење на примена на системот за квалитет во сите оддели во производството преку постојани инспекции и ревизии;
Способност да прави димензионални и други мерења (тврдина на материјал, дебелнина на боја и др.), согласно барањата на процесот на производство на автобуси;
Одговорност за финална контрола на квалитет на автобус: Проверка на контролната книга, функционалноста, тест возење, воден тест, реинспекција после поправањето на најдените забeлешки;
Одговорност за преглед на влезните материјали - стоки и забелешки;
ВСС Машински факултет;
Солидно познавање на англиски јазик;
Способност за прецизна работа со детали;
Способност за работа под притисок и кратки рокови;
Поседување возачка дозвола од Д категорија ќе се смета за предност.
Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
Можности за обука во странство;
Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
Регрес (23.100 денари);
24/7 дополнително осигурување од незгода;
Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
Обезбеден превоз до/од работното место;
“Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
Бонус за препорачан пријател на работа;
Тим билдинг активности;
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.