АДМИНИСТРАТОР ЗА ЦАРИНСКИ ПОСТАПКИ (УВОЗ / ИЗВОЗ)
Опис на работни задачи
- Подготовка и обработка на документација за увоз и извоз, вклучувајќи царински обрасци и дозволи, како и обезбедување усогласеност со меѓународните трговски прописи и закони;
- Координација со шпедитери, царински брокери, превозници и други релевантни страни за управување со движењето на стоката;
- Следење на пратките и статусот на испорака, како и решавање на проблеми или доцнења поврзани со процесите на увоз и извоз;
- Олеснување на царинењето на стоката, со обезбедување соодветна проценка, класификација и плаќање на давачки и даноци;
- Следење на прописите за увоз и извоз, вклучувајќи тарифи, трговски договори и други релевантни закони, како и обезбедување усогласеност во рамките на организацијата;
- Анализа и оптимизација на трошоците за транспорт, идентификување можности за нивно намалување и управување со буџети поврзани со активностите за увоз и извоз;
- Проценка и ублажување на ризици поврзани со меѓународната трговија, како што се доцнења, оштетувања или неусогласеност;
- Водење точна евиденција за сите трансакции за увоз и извоз, вклучувајќи документација, фактури и други релевантни информации;
- Подготовка на документација за извоз на финален производ;
- Следење и поднесување одобренија до царина поврзани со применетите увозни царински постапки;
- Познавање на сите царински постапки (увоз за облагородување, редовен увоз, извозна постапка, царинско складирање, привремен увоз/извоз на стока);
-
Познавање на царинските прописи за меѓународнатрговија, особено во однос на потеклото на деловите што се увезуваат.
Потребни квалификации
- Диплома за царина и шпедиција (економски или машински факултет);
- Минимум 2 години работно искуство (искуство со увоз за облагородување и привремен увоз/извоз на стока ќе се смета за предност);
- Солидно познавање на прописите за увоз и извоз, царинските закони и постапки, како и Инкотермс;
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини, како и вештини за решавање проблеми;
- Познавање на Microsoft Office пакетот и друг релевантен софтвер, вклучувајќи системи за управување со извоз;
- Способност за анализа на податоци, идентификување трендови и ефикасно управување со повеќе задачи и приоритети;
- Високо ниво на внимание на детали со цел обезбедување точност во сите процеси и документација за увоз и извоз;
- Способност за решавање проблеми во текот на царинските постапки за увоз и комуникација со царинските органи кога е потребно;
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен).
Compensation benefits
ШТО НУДИМЕ:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
- Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
- Можности за обука во странство;
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
- Регрес (23.100 денари);
- 24/7 дополнително осигурување од незгода;
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
- Обезбеден превоз до/од работното место;
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
- Бонус за препорачан пријател на работа;
- Tим билдинг активности.
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.