Електричен погон

Наполнето и подготвено за тргнување.

Во нашите патнички и градски автобуси ги интегрираме најновите електротехнологии и така преминуваме кон 100% електричен погон во нашите автобуси за јавен превоз и нашите патнички автобуси.

 

 

Дозволете да Ве однесеме во зелениот свет на електричниот погон.

Од смислување на концепт до правење на прототипи, па се до фазата на изработка и тестирање. Нашите инженери постојано се грижат да работи се како што треба.

Типови погон

Секој погон што го нудиме во иднината е 100% електричен. Сепак се уште имате избор да го изберете типот на погонот. Возилото може да биде движено од електрична батерија, да биде тролејбус при што струјата се пренесува од мрежата преку пантограф или да биде електричен автобус со горивна ќелија, при што водородна ќелија ја снабдува внатрешната батерија со доволно струја, а батеријата го движи погонот.

Батерија

ТРОЛЕЈБУС

ГОРИВНА ЌЕЛИЈА

ОСТВАРЕНИ ПРОЕКТИ

Неколку примери од остварени проекти ширум светот. 

 

Батерии

Ван Хоол склучува партнерства со многу добавувачи зависно од барањата на пазарот, клиентите или стопанството. За градски и патнички автобуси треба да има цврсти и сигурни решенија. Треба да биде возможно батеријата да произведува огромна моќ. Освен тоа треба да биде лесна за одржување и поврзана на еден куп безбедносни системи пред да може навистина да се користи.

 

 

 

Proterra

Ван Хоол во своите возила употребува Proterra батерии. Тие се силни батерии кои лесно се интегрираат во различните системи.

 

Тип

Опсегот зависи од разни фактори, како што се околината, бројот на луѓе во возилото и распоредот. Сепак напредивме до толку што од сега градски и патнички автобуси без проблем може да возат на 100% еколошки погон.

 

Горивна ќелија

Погон со горивна ќелија или со водород е најеколошкиот погон. Бидејќи испушта исклучиво чиста водна пареа овој систем е сон за животната средина. Тешкотиите на овој систем се инфраструктурата, екстракцијата и транспортот на водород.
Уште кога беше измислена технологијата, Ван Хоол беше кај првите да интегрира горивни ќелии во своите автобуси за јавен превоз.

Ширум светот се возат прилично голем број автобуси со горивна ќелија во градови кои сакаат да бидат пионери и да стекнат искуство со оваа технологија.

 

Ballard

Ballard е еден од најпознатите производители на горивни ќелии. Ван Хоол и Ballard заедно стекнаа искуство и станаа постојани партнери.

 

Тип

За нашите автобуси со горивна ќелија употребуваме „Heavy Duty Fuel Cell“ од Ballard. Тие горивни ќелии се познати поради својата цврстина, сигурност и големиот опсег.