Добредојдовте во семејството ВДЛ

Posted on
30 Август, 2024

Претседателот и извршен директор на Групација ВДЛ, Вилем ван дер Лехте, ги посети производствените локации на ВДЛ Ван Хоол во Скопје (Македонија) и Kонингсхојкт (Белгија). Тој срдечно ги пречека новите 1.600 колеги во семејството на ВДЛ.

Вилем: „Силата е во соработката е нашиот слоган во Групација ВДЛ. Правиме сè заедно и придонесот на сите е подеднакво важен. Без разлика дали работите во канцеларија или во фабрика, можеме да ги постигнеме најдобрите решенија и производи само со добра соработка“.

Директорот на ВДЛ Ван Хоол, Марк ван Дорн, во обраќањето кон колегите во двете земји говореше за моменталната состојба на работите, како и за плановите за блиска иднина. На крај наздравија со пиво за големите тимски успеси кои несомнено доаѓаат!