ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР (ДИЗАЈН НА СИСТЕМИ)
▪ Дизајн и развој на решенија за електрични системи кои се употребуваат во производство на автобуси притоа запазувајќи ги стандардите од индустријата и производството на возила.
▪ Соработка со машински и софтвер инженерите за обезбедување на беспрекорна интеграција на системите во возилата.
▪ Дизајнирање на електрични шеми и ожичувања за системите.
▪ Спроведување на тестирања, отстранување на проблеми и валидација на функционалноста на електричните системи во прототипите и возилата од редовно производство.
▪ Грижа за усогласување на решенијата со безбедносните прописи, барањата за хомологација и стандардите за EMЦ.
▪ Поддршка на производните тимови во решавањето на проблемите поврзани со електричните системи.
▪ Дипломиран електроинженер или магистер по електротехника.
▪ 3+ години искуство во дизајнирање на системи поврзани со електрични инсталации и хардвер за автомобилски или автобуски апликации.
▪ Солидно познавање на автомобилски електрични системи, CAN-мрежи и технологии за автоматизација.
▪ Искуство со развој и подготовка на цртежи за ожичувања, цртање на принципни дијаграми.
▪ Искуство во работење со CAD софтвер (на пр., EPLAN, BricsCad или слично).
▪ Познавањето на принципите за динамика на флуди за системи за воздух и вода ќе се смета за предност.
▪ Познавање на високо-напонски и батериски системи ќе послужи како предност.
▪ Познавање на стандардите за хомологација и EMЦ регулативите во автомобилскиот сектор.
▪ Вештини за брзо решавање проблеми и способност за работа во мулти-дисциплинарна тимска средина.
▪ Одлични комуникациски вештини на англиски јазик.
• Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
• Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
• Можности за обука во странство;
• Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
• Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
• Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
• Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
• 24/7 дополнително осигурување од незгода;
• Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
• Обезбеден превоз до/од работното место;
• “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
• Бонус за препорачан пријател на работа;
•Тим билдинг активности;
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.